Почина легендарниот филмски режисер Питер Богданович

Почина легендарниот филмски режисер Питер Богданович

пред 3 години

Американскиот филмси режисер Питер Богданович почина на 82 годишна возраст. Беше познат по неговите филмови „Последното филмско шоу“ и „Месечина од хартија“, а важеше за еден од најголемите филмски автори во 70-те години.

„Месечина од хартија“ со Рајан О’Нил го режираше во 1973 година, а за истиот неговата 9-годишна ќерка Тејтум О’ Нил освои Оскар.

Богданович е син на српскиот пијанист Борислав и австриската сликарка Херма. Кога се родил тие од Европа се преселиле во САД.

Кариерата ја почнал како филмски критичар, а љубовта кон режијата ја добил од гледање филмови, слично како и колегите Стивен Спилберг и Квентин Тарантино.

Во 1950-те, Богданович студирал глума во школата на Стела Адлер, чии студенти биле и Марлон Брандо и Роберт де Ниро.

Неговиот прв филм „Последното филмско шоу“ од 1971, според романот на Лери Мекмурти, имаше премиера на фимскиот фестивал во Њујорк и предизвика сензација, а критиката го нарече „најимпресивно дело од млад америкаски режисер уште од ‘Граѓанинот Кејн’“.

Филомот освои 8 номинации за Оскар, меѓу кои и за најдобар филм и за режија. Филмот лансираше и неколку млади актери меѓу кои и Џеф Бриџис, Елен Бурнстин, Ренди Квејд и Сибил Шепард, за која Бограднович ќе ја остави сопругата и професионална партнерка Поли Плат.

Како и Мартин Скорсезе и Богданович беше активен на доцна возраст. Играше и во сериите „Сопранови“, „Симпсонови“ и во филмовите на Тарантино „Убиј го Бил, 1 и 2“.

Share
Scroll to Top