Уште едно куче застрелано со ловечка пушка

пред 3 години

Нов случај на застрелано куче бил пријавен во полицијата.

Настанот се случил во Македонска Каменица, каде вчера С.Н.(45) од овој град со ловечка пушка застрелал куче кое било миленик на неговото семесјтво.

Од МВР велат дека извршен e увид на местото на настанот, а полициски службеници од С.Н. одзеле ловечка пушка „баикал 12 Н-43“ и дозволата за оружје.

„По целосното документирање на случајот, против С.Н. ќе биде поднесен соодветен поднесок“, велат од полицијата.

И пред два дена во Кочани маж усмрти куче со ловечка пушка, во дворот од неговата викенд куќа.