Германскиот регулатор за конкуренција денеска објави дека Google ќе биде предмет на зголемена контрола поради неговата исклучително важна позиција која влијае на голем број пазари, а под лупа се и Amazon, Apple и Meta на Facebook.
Сопственикот на Google, Alphabet, ги исполнува критериумите за верификација, според проширените овластувања за надзор за регулирање на големите интернет компании, открива регулаторот.
„Федералната канцеларија за картели сега може да се справи со специфичните форми на однесување кои ѝ штетат на конкуренцијата. Веќе почнавме поинтензивно да ја проучуваме обработката на личните податоци на Google, рече претседателот на канцеларијата Андреас Мунд.
Google нуди целосен опсег на онлајн услуги и софтверски производи, вклучувајќи пребарувач, карти и услуги за навигација, видео услуга YouTube, прелистувач Chrome, мобилен оперативен систем Android, продавница за апликации Play Store и услуга за е-пошта Gmail, потсетува регулаторот.
Компанијата најчесто ги нуди бесплатно, а се финансираат од приходи од реклами. На ова треба да се додаде и продажбата на рекламен простор на други компании и услугата за следење на однесувањето на корисниците, велат регулаторите.
Затоа Google е исклучително важен за конкуренцијата и моќен, што отвора многу простор за злоупотреба, ја објаснуваат канцеларијата одлуката за интензивирање на надзорот врз американскиот гигант.
Засилениот регулаторен надзор ќе трае пет години, додаваат тие.
Канцеларијата исто така анализира и други компании, вклучувајќи ги Amazon, Apple и сопственикот на Facebook Мета, додаде Мунд.
Портпаролката на Google изјавила дека се уверени дека работат во согласност со германските прописи.
„Доколку промените се покажат неопходни, ние ќе продолжиме да работиме конструктивно со Федералната канцеларија за картели за да најдеме решенија кои ќе им овозможат на граѓаните и компаниите во Германија да продолжат да ги користат нашите производи како што им одговара“, рече таа.
Употребата на лични податоци од страна на Google е под лупа од мај минатата година, а во јуни канцеларијата одлучила да проучи избор на вести понудени како дел од Google News Showcase, според Ројтерс.