Ѓоковиќ бил позитивен на ковид на 16 декември, а следниот ден врачил пехари на деца

Ѓоковиќ бил позитивен на ковид на 16 декември, а следниот ден врачил пехари на деца

пред 3 години

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ добил позитивен тест на ковид на 16 декември, но сепак следниот ден, на свеченоста во Белград им ги врачил пехарите на најдобрите млади тенисери прогласени од Тенискиот сојуз на Србија (ТСС). На свеченоста која се одржала во Тенискиот центар на Дорќол во Белград присуствувале само наградените деца, без широк аудиториум поради епидемиолошките мерки за заштита од пандемијата.

На фејсбук страната на ЈП Пошта на Србија, објавено е видео од 17 декември на кое Ѓоковиќ со сопругата Јелена се без маски. Тие биле гости и во музејот на поштата каде се промовирала поштенска марка со неговиот лик.

Според српскиот портал Блиц, Ѓоковиќ најверојатно се заразил на 14 декември, кога бил во публиката на кошаркарскиот натпревар Црвена Звезда-Барселона во Белград. Тој се фотографирал со кошаркарот Најџел Хејс-Дејвис, кој следниот ден имал позитивен ковид тест и не играл на дуплото коло на Евролигата.

Ѓоковиќ веќе неколку пати изјави дека е против вакцинација. Тој се најде во центарот на вниманието, откако доби медицинско изземање од вакцинирање за да игра на турнирот Австралијан опен, што разбесни многумина обични Австралијци кои минаа стотици денови во строг карантин и без можност за патување. По слетувањето во земјата, му беше забранет влезот. Властите сепак одлучија да не го депортираат назад во Србија и го сместија во имиграциски притвор во хотел барем до понеделник, за кога е закажана итна судска постапка која може да заврши и со негово депортирање од Австралија.

Денеска адвокатите на Ѓоковиќ доставија документи до судот во Мелбурн, каде тенисерот е во имиграциски притвор оти му е одбиена визата за влез во Австралија. Во документите е наведена датата на првиот позитивен ПЦР тест за ковид, односно 16 декември. Тие велат дека тоа е причината зошто добил медицинско иззамање и бил ослободен од вакцинација.

 https://reporter.mk/sport/gokovik-vo-dekemvri-prelezha-kovid-zatoa-e-osloboden-od-vaktsinatsija-tvrdat-negovite-advokati/

 

Share
Scroll to Top