Столе Димитриевски заврши со Рајо, во тек е трансферот на кариерата

Столе Димитриевски заврши со Рајо, во тек е трансферот на кариерата

пред 3 години

Столе Димитриевски го немаше на вчерашниот меч за Рајо Валјекано против Бетис. Тренерот на Рајо објасни дека Столе бил повреден, но и покрај ситната повреда, една од причините е и што деновиве го комплетира трансферот на кариерата.

Според Екипа.мк  прашање на време е неговото заминување од Рајо и преминот во  Барселона.

Веќе има договор, челниците на Рајо ги договорија сите детали, и сега останува само потпис и промоција. Според информациите, Димитриевски веќе се збогувал со соиграчите од тимот, и сега трансферот од соништата е извесен.

Димитриевски го остварува својот сон, станува дел од еден од најдобрите светски клубови.

Димитриевски сезонава игра долично и ја има својата најдобра полусезона во кариерата. Четврти голман во Европа по број на одбранети удари во просек, еден од најдобрите во Шпанија, а беше сместен и во најидеалниот тим на полусезоната во Ла Лига.

За Димитриевски пред извесен период беа заинтересирани и од рускиот тим Сочи, но се реши да остане во Рајо и се избори за место во првиот тим, а потоа стана и еден од најдобрите голмани што му донесе голем трансфер. Инаку освен Барселона, за Димитриевски има интерес и од неколку други шпански клубови.

Share
Scroll to Top