Кон крајот на минатата година, кога кинескиот ровер Yutu 2 забележа мистериозна коцкаста градба додека се движеше низ кратерот Фон Карман на Месечината, интернетот веднаш „се запали“ со теории за вонземјани, но сега мистеријата е решена.
Откритието првично дојде во ноември кога објектот беше наречен „Мистериозна колиба“ и „Мистериозна коцка“. Бидејќи беше далеку, кинеската вселенска агенција објави дека роверот Yutu 2 ќе се упати кон него со цел да ја разоткрие мистеријата.
Сега конечно се знае за што се работи. Ова не е особено интересен објект, туку обична карпа.
Тимот на Yutu 2 ја нарече карпата Jade Rabbit (Зајак од жад) поради нејзината сличност со ова животно.
Во јануари 2020 година, тимот на Yutu 2 објави фотографии од далечната, темна страна на Месечината, првпат во историјата. Ги сними камерата на лендерот Chang’e-4, како и панорамска камера на роверот Yutu 2. Станува збор за 17.239 фајлови или 20,9 GB податоци.
Извор: Klix.ba