Почина претседателот на Европскиот парламент Дејвид Сасоли

пред 3 години

Почина претседателот на Европскиот парламент, Дејвид Сасоли, објави денеска на Твитер неговиот портпарол Роберто Куило.

65-годишниот Сасоли почина на 11 јануари во 01:15 часот во Италија, каде што беше хоспитализиран, додаде неговиот портпарол, пренесува Ројтерс.

Сасоли бил во болница во Италија од 26 декември поради „сериозни компликации“ во врска со неговиот имунолошки систем, соопшти неговата канцеларија.