Различни извори тврдат дека Apple ќе имплементира дизајн со два отвора во новиот iPhone.
Веќе некое време се појавуваат информации дека засекот во екранот ќе биде отстранет од iPhone 14 серијата. Сепак, има многу дебати за тоа што ќе направи Apple со предната камера и Face ID сензорот.
Според Рос Јанг, консултант и аналитичар во индустријата за дисплеи, iPhone 14 Pro ќе има два отвори – таканаречениот punch-hole отвор, како и издолжен засек до него.
We now believe Apple will have a hole + pill design on the iPhone 14 Pro and Pro Max models. The smaller hole will not be invisible…The two hole concept will be unique to Apple, like the notch, not similar to all the pill models from Huawei…Let’s see those new renders pic.twitter.com/Udt8cTKzPZ
— Ross Young (@DSCCRoss) January 12, 2022
Ваквиот распоред на отворите за сензорите во екранот го потврдуваат и тест фотографиите на дисплеј панелот што се појавија неодамна. На десната страна се наоѓа издолжен отвор, а на десната кружен отвор.
Останува да видиме што ќе се случи со Face ID сензорот, а некои извори тврдат дека тој нема да биде отстранет пред 2023 година.