Казни за 192 возачи во Скопје, 37 за брзо возење

пред 3 години

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје биле изречени вкупно 192 казни, меѓу кои за возење над дозволената брзина 37 казни, 17 за возење без возачка дозвола, пет за технички неисправни и нерегистрирани возила.

Изречени биле и 20 казни за користење мобилен телефон, шест санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), осум за непрописно престројување, шест за некористење сигурносен појас, 64 за непрописно паркирање.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови, најави полицијата.

Share
Scroll to Top