Пандемијата ги остави без работа угостителските работници во Германија

пред 3 години

Секој четврти вработен во угостителството во Германија остана без работа поради пандемијата на корона вирусот.

Според податоците на Заводот за статистика на Германија, во првите десет месеци од минатата година бројот на вработени во угостителството бил за 23,4 отсто помал во однос на истиот период во 2019 година.

Во најтешка ситуација се вработените во кафеаните и кафулињата, каде бројот на вработени е намален за 44,7 отсто од избивањето на пандемијата.

Во рестораните има 22,5 отсто помалку работници. „Најбезбедни“ се вработените во фирмите кои се занимаваат со „угостителство“, каде што на платен список се „само“ 17,1 отсто од работниците.

Share
Scroll to Top