(Видео) Дечко во Охрид проба да ја слика Милица Павловиќ под сукња, пејачката лута му го фрли мобилниот на земја

(Видео) Дечко во Охрид проба да ја слика Милица Павловиќ под сукња, пејачката лута му го фрли мобилниот на земја

пред 3 години

Српската пејачка Милица Павловиќ пееше во ноќен клуб во Охрид, па објави видео на кое се гледа како го фрла на земја телефонот што му припаѓа на дечко од публиката, оти тој пробал да ја слика меѓу нозе. Милица на Фејсбук напиша дека случката ја вознемирила, а тоа што ѝ се случило е сексуално злоставување кое никоја жена не треба да го трпи.

Пејачката вели дека го предупредила момчето неколку пати да престане, но тој бил упорен и го приближувал телефонот под нејзината сукња. Таа забележала дека дечкото сака да ја сними меѓу нозете уште кога почнала да пее. На крајот му го зела телефонот од раце и го фрлила на земја.

„Го предупредив еднаш! Го предупредив по втор пат! Тоа што сум женско во фустан и се наоѓам на сцената, не значи дека не заслужувам основно почитување. Згрозена сум и разочарана од тоа како некои мажи ги третираат жените, како без срам покрај сите предупредувања мислат дека можат да ни се пикнат под сукња, а ние веројатно треба да сме среќни и да се чувствуваме пожелни поради тој гест. Не смеам ни да замислам низ што поминуваат девојките кога се излезени и каков третман добиваат од вакви ‘мажи’. Ова е еден вид сексуално злоставување на кое никој нема право! И да, повторно би го направила истото. Повторно без размислување би му го зела мобилниот телефон и би го фрлила, за да се заштитам себе и своето достоинство и да им покажам на таквите ‘мажи’ дека тоа што го прават е срамно, недозволиво и заслужува секаква осуда’, напиша таа на Фејсбук.

Share
Scroll to Top