(Видео) Николоски ѝ најави пеколен период на новата влада

пред 3 години

Оваа влада на Ковачевски е континуитет на корумпираната влада на Заев која граѓаните ја казнија на избори, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник, Александар Николоски на денешната собраниска седница.

Како што кажа Николоски, иако Заев заминал, немал храброст да ја извади својата партија на соочување со народот.

„Сега се соочуваме со најголемиот срам во историјата на постоењето на македонската демократија, а тоа е да се киднапира пратеник кој се појави после 5 дена. Денес имаме влада без легимитет, влада на стари ликови, на континуитет која не може да се покаже како нова, а клучните ресори ќе ги водат истите луѓе. Оваа влада не може да понуди нови политики“, нагласи Николоски.

Тој се обрати и кон помалите политички партии кои ја поддржуваат оваа влада како ДОМ, ЛДП, НП, ДС.

„Ваквото понижување кое на себе си го правите нема друго образложение. Затоа ве поттикнувам сами да излезете на следните избори да видите што мисли народот за вас затоа што поддржувате ваква влада и вакви политики“, потенцираше Николоски.

Според потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, единствено решение за подобрување на ситуацијата се брзи предвремени избори.

„Следува пеколен период на соочување со гневот на народот. Промените доаѓаат и ќе се случат побрзо отколку што мислите. Нема да ја поддржиме оваа влада, а следниот период се гледаме и во институциите, но и надвор на улиците и заеднички да стигнеме до предвремени парламентарни избори кои ќе значат промени во Македонија“, рече Николоски.

Share
Scroll to Top