Марија Шерифовиќ ќе глуми во серија, пејачката ќе се игра себе си како победничка на Евровизија

Марија Шерифовиќ ќе глуми во серија, пејачката ќе се игра себе си како победничка на Евровизија

пред 3 години

Српската пејачка Марија Шерифовиќ откри дека наскоро ќе глуми во серија заедно со Андрија Милошевиќ и Анѓелка Прпиќ. Таа рече дека ќе се глуми себе си како единствената српска победничка на Евровизија.

Покрај нив, во серијата ќе играат и Бранка Пујиќ, Аница Добра, Тихомир Станиќ, Андрија Кузмановиќ.

Марија не е единствената пејачка која се пробала да глуми. Пред неа тоа беа нејзините колешки Милица Павловиќ и Александра Пријовиќ.

Пријовиќ се појави во четвртата сезона на „Убијците на татко ми“, додека Милица имаше главна улога во серијата „Пејачка“.