ВМРО-ДПМНЕ предлага продолжување на зимскиот распуст за уште две недели

пред 3 години

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ предложи до Владата зимскиот распуст за учениците да биде продолжен за уште две недели.

„Бројките на заболени од коронавирусот не опаѓаат, а меѓу заболените се наоѓаат и многу деца, односно ученици. Со цел заштита на здравствениот систем од преоптоварување и непречено, континуирано одвивање на образовниот процес со максимално присуство и на ученици и на наставници во училиштата на новата Влада ѝ предлагаме продолжување на зимскиот распуст за уште две недели“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Партијата очекува дека дотогаш бројката на заболени ќе се намалува, а учениците и родителите психички неоптоварени ќе се посветат на знаењето.

Share
Scroll to Top