Министерството за внатрешни работи на Украина распиша потерница по поранешниот претседател на Украина Петро Порошенко.
На веб-страницата на украинското Министерство за внатрешни работи се наведува дека Порошенко е „лице кое се крие од органите на прелиминарната истрага“.
Инаку, потерницата е распишана на иницијатива на Службата за безбедност на Републиката, додека судот издаде одобрение за негово апсење.
Поранешниот претседател е обвинет за испорака на јаглен во Донбас во текот на 2014-2015 година. Случајот е покренат според членовите од Кривичниот законик на Украина за финансирање тероризам, велепредавство и создавање на терористичка организација.
На Порошенко му се заканува затворска казна до 15 години со или без конфискација на имот.