Боб-тимот на Јамајка се враќа на Олимпијада по 24 години пауза

Боб-тимот на Јамајка се враќа на Олимпијада по 24 години пауза

пред 3 години

Боб-тимот на Јамајка се враќа на зимската Олимпијада по 24 години пауза. Јамајка ќе се натпреварува со три тима, во боб четирисед, машки боб двосед и во женски монобоб, што е нова олимписка дисциплина.

„Јамајка, имаме боб тим на Олимпијадата. Ќе гори мразот во Пекинг“, објави Олимпискиот комитет на Јамајка на Твитер.

Прославениот боб-тим на Јамајка своето деби го имаше на Олимпијадата во Калгари, Канада, пред повеќе од триесет години. Нивниот настап беше инспирација за филмот Cool Runnings.

Последен пат четириседот на Јамајка настапи на Олимпијадата во Нагано во 1998 година. Дел од овој тим беа и членовите на оригиналниот квартет од 1988 година, браќата Крис и Дадли Стоукс. Крис денес е претседател на Боб федерацијата на Јамајка.

Најдобриот пласман на боб тимот на Јамајка на олимпијадите е 14. место.

Зимската Олимпијада почнува на 4 февруари, а домаќин е Пекинг.

Share
Scroll to Top