На Чарлс му недостигаат внуците, принцот сака да се смири со Хари и Меган

пред 3 години

googletag.cmd.push(function() { googletag.display(‘div-gpt-ad-1566809029200-0’); });

На Принцот Чарлс му недостигаат внуците и тој сака да се смири со неговиот син и снаа Хари и Меган Маркл. Тој ги повика следниот пат кога ќе дојдат во Велика Британија да останат кај него.

Принцот од Велс има желба времето што му остана да го помине со своите внуци. Тој го нема видено Арчи откако имаше само 6 месеци, а внука му Лилибет Диана која се роди во јуни никогаш и не ја запозна.

Сепак неговата желба можеби нема да се оствари наскоро затоа што Хари неодамна рече дека неговото враќање во Британија би можело да претставува ризик за неговото семејство.

Тој рече дека не може да се врати дома откако со одлука од кралското семејтво му беше одземено правото на лична заштита кои ја имаат членовите на кралското семејство.

Британските медиуми пренесуваат дека Хари и Меган ќе е обидат да присуствуваат за време на прославата на платинестиот јубилеј на кралицата во јуни.

Се претпотавува дека Хари на кралското семејство му ветило дека ќе присуствува на комеморацијата на својот покоен дедо принцот Филип во Вестминстерската опатија, која е планирана за април.

Хари одлучи и да ја тужи британската влада и поднесе барање за судско преиспитување на одлуката, за што би можел да се најде и на суд.

Како што тврдат извори блиски до кралското семејство, принцот Чарлс имал неколку видео повици со Хари, Меган и нивните деца во последните неколку месеци.

„Принцот од Велс е тажен што нема можност да помине некое време со внуците. Тие му недостигаат многу“, велат изворите.

Тие додаваат дека тој се надева дека Хари ќе ја прифати поканата и дека со Меган и Децата ќе дојдат да престојуваат кај него.

Share
Scroll to Top