(Видео) Црвено јаболко за Ковачевски од Бугарите на подарок

пред 3 години

Премиерот Димитар Ковачевски на крајот од денешната прес конференцијата со неговиот бугарки колега Кирил Петков, од една од бугарските новинарки за подарок доби јаболко. Таа му го даде јаболкото и му посака успех во работата.

„Господине Ковачевски, дозволете да ви подарам здраво, бугарско, црвено јаболко, во знак на благодарност дека вие ќе го запазите единството меѓу Бугарија и Северна Македонија“, рече новинарката.

Бугарскиот премиер Кирил Петков се насмеа и рече: „Нашето убаво
јаболко“, а Ковачевски ги праша дали може да го изеде сега или да го понесе со себе.

Share
Scroll to Top