Единствената заложба на ВМРО-ДПМНЕ е да се решаваат вистинските проблеми на граѓаните и државата да излезе oд кризите во кои што во моментот се наоѓаме, изјави портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева одговарајќи на новинарско прашање во врска со барањето за предвремени избори.
Митева порача дека доколку техничката влада им е проблем на СДСМ и ДУИ, тогаш ВМРО-ДПМНЕ е подготвена за предвремени избори и без техничка влада, но и со една изборна единица доколку тоа им одговара на помалите политички партии.
„ВМРО-ДПМНЕ е подготвено да разговара за промени во Изборниот законик и да ги слушне барањата на помалите политички партии за една изборна едница и доколку тоа е проблем на СДСМ и ДУИ, тогаш ВМРО-ДПМНЕ ќе прифати предвремени парламентарни избори без техничка влада и со една изборна единица“, нагласи партиската портпаролка.