Приведен е 36-годишник од Ресен кој се обидел да изврши кражба од банкомат, соопшти полицијата.
Против него е поднесена кривична пријава поради „тешка кражба“ во обид.
„На 15 декември околу 2.00 часот на улицата „Мите Богоевски” во Ресен, пријавениот со употреба на сила и подесен алат се обидел да изврши кражба од банкомат, при што скршил стакло од објект во кој бил поставен банкоматот, притоа оштетувајќи го и него. Набрзо М.М. бил лишен од слобода, приведен во полициска станица и во службен разговор го признал и појаснил делото“, велат од МВР.