Уапсен Индиец кој нелегално пренесувал мигранти од Србија во Македонија

пред 3 години

Полициски службеници од Одделението за прекуграничен криминал Куманово денеска уапсиле 31-годишен Индиец со иницијали Х.Х. поради сомнение дека сторил кривично дело криумчарење на мигранти.

Како што информираат од МВР, околу 01.30 часот по полноќ во кумановското село Речица биле пронајдени 10 мигранти од Индија, а по извршениот службен разговор било утврдено дека Х.Х. илегално ги пренесувал мигрантите од Србија до Македонија.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Мигрантите биле пренесени во прифатно-транзитниот центар „Табановце“.

Share
Scroll to Top