Бизарна случка на погреб: кога го отворила ковчегот, место мајка ѝ, во него видела непозната жена, која ги носела нејзините гаќи и накитот

Бизарна случка на погреб: кога го отворила ковчегот, место мајка ѝ, во него видела непозната жена, која ги носела нејзините гаќи и накитот

пред 3 години

Погребите знаат да бидат болни и непријатени, особено ако дојде до некаква забуна и грешка. Тоа го искуило и едно семејство во Колумбус во Охајо. Кога тие го отвориле ковчегот на починатата Соња Вајт, за да последен пат се простат од неа, во него затекнале друга непозната жена.

Соња починала на 6 јануари на 51 годишна возраст, а нејзиното тело го превземала Погребната служба „Марлан Гери“. Во меѓувреме дошло до некаква грешка кога биле во прашање ковчезите. Во ковчегот на Соња завршила непозната жена, со нејзината облека и накит.

„Кога го отворивме ковчегот, во него имаше друго тело со нејзината облека. Го ноеше нејзиниот долен веш и обетки. Ја ноеше и нејзината перика. Се шокиравме. Сите плачевме. Тоа беше трауматично чувство. Никој не би смеело да минува низ вакво нешто со војата сакана личност“, рече една од роднините на Соња, Лиса Харден.

Сестрата на Соња, Кишија Гивенс рече дека до погребалното претпријатие биле доставени конкретни барања за тоа како треба да изгледа и ковчегот. Соња била голем обожавател на спортскиот тим „Охајо Стејт Бакајс“, па семејството порачало голем црвен ковчег.

„Сè што одбравме за мојата сестра, го избравме со љубов. Токму тоа што мислевме дека ќе ѝ се допадне, па очекувавме погребната служба кон неа да се однесува исто. Но, да се биде до толку неодговорен, кон некој член од семејството е непростливо“, рече Гивенс.

За овој бизарен инцидент се огласи и Кортни ќерката на покојната Соња, која рече дека нејзината мајка починала изненадно и дека мешањето на телата за неа било едно ужасно искуство.

Семејството за „АБЦ“ рече дека погребното претпријатие им ветило дека заради забуната ќе им ги плати сите погребни услуги.

Семејството рече дека планира да упати и официјална жалба до Одборот за балзамирање и погребниот директор на државата Охајо. Погребното претпријатие „Марлан Гери“, засега не одговори на барањата за коментар.

Share
Scroll to Top