Репортерка од Западна Вирџинија, додека известуваше во програма во живо, беше удрена од кола. Тори Јорги како вистински професионалец стана одма и рече дека е во ред. Таа продолжи да известува за комуналните проблеми.
„Ох мој боже. Штотуку ме удри кола“, викна таа и одма стана и рече во камерата дека е во ред.
„Знаете ова е телевизија во живо за вас. Мене веќе еднаш ме има удрено кола на колеџ“, објасни Тори, додека останатите околу неа се прашуваа дали е повредена.
„Толку ми е драго што сум добро, што сите сме добро.“, велеше Лори која иако беше потресена таа повторно се појави пред камерата шегувајќи се дека требала да знае дека ваков инцидент ќе ѝ се случи затоа што ѝ била последната недела на работа.
Јори работела за телевизијата VSAV-TV во западна Вирџинија три години. Таа доби и пофални коментари од нејзините колеги за настапот по инцидентот. Многумина и забележаа дека реагирала како вистински ветеран во новинарството откако веднаш се вратила на работа.
Еден од нејзините колеги ја прашал каде точно ја удрил автомобилот, на што таа му одговорила дека ни она не се сеќава.
„Целиот живот само ми светна пред очите, но, ова е телевизија во живо и сè мора да биде во ред.
“My whole life just flashed before my eyes” Reporter gets hit by a car on live TV, after which she says it’s her last week on the job.
pic.twitter.com/SpL3DzauvB— David Begnaud (@DavidBegnaud) January 20, 2022