Бараше оргии пет пати неделно и пак не можеше да се задоволи: Тајните на Плејбој откриваат нови детали за Хју Хефнер

Бараше оргии пет пати неделно и пак не можеше да се задоволи: Тајните на Плејбој откриваат нови детали за Хју Хефнер

пред 3 години

Новата документарна серија на телевизијата A&E наречена „Тајните на Плејбој“ е посветен на животот на Хју Хефнер и познатите плејбој-зајачици кои ја красеа насловната страница на познатото еротско списание.

Документарецот, кој ќе биде премиерно прикажан на 24 јануари, открива што се случувало во вилата. Серијата од 10 епизоди сака да го сруши митот за Хју Хефнер и неговиот живот, кој некогаш беше опишан на романтизиран начин. Врз основа на овие сведоштва и признанија, документарецот ја открива страшната вистина која била сокриена од јавноста.

Според поранешната девојка на Хју Хефнер, Сондра Теодор, главниот човек на „Плејбој“ барал оргии пет пати неделно.

„Не можеше да се задоволи, па бараше сè повеќе и повеќе. Тоа сè повеќе потсетуваше на култ. Жените беа измамени и манипулирани на најбизарен начин. Ги уверуваше дека тоа е семејство” вели Сондра, пишува „Дејли мејл“.

Хефнер, кој почина во 2017 година на 91 година, организирал таканаречени „Свински (Pig) вечери“, каде носел проститутки кои „не биле атрактивни“ за да имаат односи со своите пријатели. ВИП членовите на Плејбој можеле да прават што сакаат. Документарната серија откри дека две зајачици биле приведени, а едната од нив била силувана.

Во многубројните признанија, сите жени го повторија истото: „Сè изгледаше убаво однадвор, но имаше многу грди работи одвнатре. На страна сексуалната слобода, тоа не беше тоа, ова беше злоупотреба и емоционално дивјаштво кое траеше децении“.

Списанието Плејбој, по насловната страна со Мерлин Монро до 1970 година, постигна неверојатен успех со седум милиони продадени примероци месечно.

За потсетување, претходно се појави и видео на социјалните мрежи од Холи Медисон, една од најпознатите девојки на Хју Хефнер, како зборуваше за животот со него. Таа рече дека била во кругот на ужасни нешта што се случувале во озогласената Плејбој вила. Додаде и дека покојниот Хефнер брзо ги губел нервите кога ќе направела нешто со кое не се согласувал.

Не дрогираше за да го издржиме сексот: Тајните на Плејбој откриваат детали за Хју Хефнер

Share
Scroll to Top