НАТО не може да гарантира дека нема да се прошири со нови земји. Ова го изјави германскиот канцелар Олаф Шолц во интервју за „Зидојче цајтунг“.
„Сите знаеме дека е потребен трансатлантски одбранбен сојуз. Како демократии, ние ги обединуваме нашите одбранбени интереси во НАТО“, рече германскиот канцелар.
Шолц нагласи дека НАТО не може да и’ гарантира на Русија дека нема да се прошири во иднина.