Осумнаесетгодишниот матурант, Закари Вилмор, се пријавил и победил на изборот за кралица на матурата во неговото средно школо „Рок Бриџ“ во Колумбија, Мисури.
Тој станал првиот маж кој бил избран за кралица на матурата. Закари биолошки е роден како машко и за себе вели дека не се чувтвува како жена, туку дека е хомосексуалец.
Тој вели дека се пријавил на натпреварот откако ги прашал фановите на „Инстаграм“ дали да е пријави за крал или клраица на матурата. За себе вели дека не бега од својата машкост, дека не се пријавил заради некаква иронија или исмевање на жените.
Закари рече дека се пријавил за да се избори за рамноправност меѓу сите полови во средното школо каде учел. Тој бил одличен ученик и неговите наставници велат дека за него имаат само пофални зборови.