Во Крушево денеска беше одбележан 41 роденден на Тоше Проески. Во негова чест денеска во спомен куќата „Тодор Проеки“ на Гумење беше организирана и крводарителска акција со доделување хуманитарни ваучери и со сценско-музички настан насловен „Ангел си ти“.
Се даруваше крв и во Скопје во Домот на АРМ, каде Црвениот крст на Град Скопје, заедно со Црвениот крст на Македонија и општината Гази Баба, по осумнаесетти пат ја организираа традиционалната акција во спомен на Тоше, кој и самиот беше крводарител.
АД „Пошта на Македонија“ по повод роденденот на Тоше започна и акција преку која може да се купи поштенска марка, посветена на музичката ѕвезда.
За потетување, Тоше загина во сообраќајна несреќа на 16 октомври 2007 година кај Велика Градишка во Хрватска.






