Андер Ерера ги одбил Тотенхем од „респект“ кон Манчестер јунајтед

Андер Ерера ги одбил Тотенхем од „респект“ кон Манчестер јунајтед

пред 3 години

Андер Ерера одбил трансфер во Тотенхем од Пари Сен-Жермен поради верноста кон неговиот поранешен клуб, Манчестер јунајтед, тврди британскиот „Атлетик“.

Шпанскиот интернационалец требало да биде дел од трансферот на Танги Ндомбеле од Тотенхем во ПСЖ, но тој порачал дека во Англија ќе игра само за еден клуб, за „ѓаволите“ од „Олд Трафорд“.

Додека беше фудбалер на Јунајтед, Ерера го освои ФА купот, Карабао купот и трофејот од Лига Европа, а исто така беше миленик на навивачите од „Олд Трафорд“, но клубот не му понуди нов договор во 2019 и тој замина како слободен играч во ПСЖ.

Иако беше известено дека 32-годишниот Ерера сакал „превисока“ плата во Јунајтед, тој уште во 2020 го демантираше тоа.

„Не се работеше за пари, ниту за должината на договорот. Според мене, чекав предолго за понуда и заслужив малку повеќе внимание. Бев фудбалер кој го даде максимумот за клубот, кој никогаш не се жалеше, никогаш не одеше кај медиумите. Не зборував лошо за менаџерот, за бордот, за фудбалерите и тие чекаа на пет месеци пред крајот на договорот за да ми обрнат внимание. Но, тоа е дел од фудбалот, дел од животот, ништо лично“, изјави тогаш Ерера.

Share
Scroll to Top