Четири години откако почнаа да се забавуваат, актерот од култниот божикен филм „Сам дома “ и актерката на Disney ќе се венчаат, вели извор близок до двојката.
Сонг (33) ја потврди веста на 25 јануари дека кога на 25 јануари се појави со дијамантски прстен на прстот. Оваа пресвртница во врската доаѓа помалку од една година откако поранешната актерка од „Suite Life of Zack & Cody“ го роди првото дете од врската со Калкин. Додека парот ја држеше бременоста на Сонг во тајност портпаролот на Калкин потврди дека двојката го добила синот Дакота Сонг Калкин во април.
„Пресреќни сме“, рекоа во тогашното соопштение ѕвездите кои бебето го крстија по покојната сестра на Калкин.
Калкин (41) и Сонг, кои се запознаа за време на снимањето на филмот „Changeland, за првпат навестија дека се пар кон крајот на 2017 година, откако беа забележани како се држат за раце.