Фармацевтската компанија „Модерна“ започна со клинички испитувања на вакцината против коронавирус, која го таргетира сојот омикрон, објави американската компанија.
Првите учесници во втората фаза од клиничкото испитување веќе добија бустер доза со таргетирање на омикрон, објави CNBC.
„Модерна“ очекува во тестирањето да учествуваат околу 600 полнолетни граѓани, кои се поделени во две групи. Учесници во првата група се луѓе кои примиле две дози од оригиналната вакцина на „Модерна“, а учесниците во втората група добиле постоечка, одобрена бустер доза. Учесниците во двете групи ќе добијат по една доза бустер вакцина наменета за омикрон.
Компанијата го објави и фактот дека бустер дозата од 50 микрограми добро штити од омикрон.
Шест месеци по примањето на постоечката трета доза, антителата кои го блокираат омикронот опаднале, но можело да се најдат во крвта на сите учесници, соопшти фармацевтската компанија. Податоците покажуваат дека јачината на бустер дозата слабее со текот на времето, но дека сепак обезбедува заштита од новиот сој.
Неутрализирачките антитела добиени по засилената доза се намалуваат 6,3 пати побрзо кога ќе се соочат со омикронот, во споредба со оригиналниот вид.