Ле Дријан: Ситуацијата со Украина е напната, дијалогот со Русија останува можен

пред 3 години

Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ив Ле Дријан денеска изјави дека ситуацијата во врска со Украина е многу напната, но дека дијалогот со Русија се уште е можен.

„Останува на Владимир Путин да каже дали сака консултации или конфронтација“, изјави Ле Дријан за радио РТЛ, пренесува Ројтерс.

Францускиот претседател Емануел Макрон претходно изјави дека ќе бара појаснување за намерите на Русија кон Украина, за време на телефонскиот разговор со претседателот Путин, што треба да се одржи денеска.

Share
Scroll to Top