После 82 дена едно е јасно,Данела Арсовска е најнеуспешниот градоначалник којшто го имал Скопје, истакна на денешната прес-конференција, Петар Петковски од СДММ
Тој додде дека Арсовска нема реализирано речиси ништо од она што го вети пред граѓаните. Нема бесплатен јавен превоз, нема пет нови мега паркови, не се чисти, депониите си стојат, нема помош за Скопјани сред енергетската криза, нема проекти.
Не успеа ниту да ги врати бројчаниците на семафорите, ветување што го даваше пред граѓаните. Има само партизација и полнење на градските претпријатија со кадри на ВМРО-ДПМНЕ.
Како што истакна Петковски, за менаџерските НЕ-способности на Арсовска, СДММ и остави подарок една шахта и тоалет.