Цезар Кардини бил познат италијански готвач кој во 1920 година заминал во Америка. Но, оттаму се преселил во Мексико каде што отворил свој ресторан. Во 1924 година ја измислил Цезар салатата наречена по него. За кратко време оваа салата станала популарно предјадење во целиот свет.
Потребни состојки:
5 згмечени чешниња лук,
4 лажици маслиново масло,
сок од 1 лимон,
2 лажичи ворчестер сос,
1 лажица сенф,
1 1/2 лажица бел вински оцет,
4 јајца,
2 подебели парчиња домашен леб,
2 лажици маслиново масло,
100 грама пршута,
листови марула,
50 грама пармезан,
сол, мелен црн пипер по вкус
Начин на подготовка:
Исечкајте го лебот на коцки и прелијте го со маслиново масло, посолете и наросете мелен црн пипер. Печете ги парчињата леб 15 минути, додека не заруменат, а потоа оставете ги да се изладат. Ставете ја пршутата да се пече 3 минути додека не стане крцкава. Изгмечете го лукот со преостанатото маслиново масло и додадете го лимоновиот сок, ворчестер сосот, сенфот и оцетот, па добро промешајте. Потоа во салатата додадете ги ровко сварените жолчки од јајцата и уште еднаш промешајте.
Сервирајте ја Цезар салатата на зачинетите листови марула. Додадете ги коцките леб, пршутата и пармезанот и наросете со мелен црн пипер.