По Лондон и Њујорк, Трпчески и Венгеров ја кренаа на нозе и публиката во Париз

По Лондон и Њујорк, Трпчески и Венгеров ја кренаа на нозе и публиката во Париз

пред 3 години

Македонскиот виртуоз на пијано, Симон Трпчески и легендарниот руски виолинист, Максим Венгеров, ја завршија заедничката мини турнеја со настапот во Париската филхармонија. Тие ја воодушевија француската публика со делата од Моцарт, Прокофјев, Франк и Равел.

Ова беше трет заеднички настап на двајцата музичари, по Лондон и Њујорк. И исто како на претходните два, и овој концерт заврши со долготрајни аплаузи и стоечки овации, и со три биса, пренесе Здружението за култура и уметност КултурОп.

„Оваа година навистина не можеше да почне поубаво. Ова е доказ дека соништата се остваруваат: на најпрестижните сцени настапив со Максим Венгеров. Се радувам што нашите искреност и фантастично поврзување на сцената толку убаво беа препознати од публиката”, изјави Трпчески, кој следниот месец ќе има концерти во Германија и Ерменија.

Трпчески и Венгеров првпат свиреа заедно лани на фестивал во Белгија, кога и ја договорија турнејата со три концерти во Лондон, Њујорк и Париз.

„Со некои луѓе веднаш се воспоставува хемија и ова е таков случај. Ми беше позната работата на Симон и во него препознав многу сензитивен партнер. Навистина се надевам дека ќе свириме и во иднина, дека можеби ќе успееме заеднички и да снимиме нешто, а и повторно би сакал да дојдам во Македонија”, рече неодамна Венгеров.

Share
Scroll to Top