Утре во Португалија ќе се одржат парламентарни избори.
Преземени се дополнителни мерки на претпазливост откако владата одлучи да им дозволи на лекарите заразени со коронавирус да ја напуштат изолацијата и да гласаат лично, заедно со сите други граѓани.
Бидејќи се проценува дека околу 10 отсто од вкупно 10 милиони португалски граѓани сега се во изолација поради Ковид-19, па Владата во Лисабон минатата недела одлучи да ги укине ограничувањата за време на утрешното гласање, пренесува „Ројтерс“.
Изборната комисија на денешната прес-конференција соопшти дека се исполнети сите услови гласањето да се одржи во апсолутно безбедни услови.
Како и многу европски земји, Португалија соборува неславни рекорди по бројот на заразени со корона, иако последниот бран на сојот омикрон ја намали смртноста и хоспитализирањата, благодарение на високата стапка на вакцинација.
Надлежните ги повикаа сите заразени со Ковид-19 да гласаат од 18 до 19 часот, но овој апел не е обврска и нема да има посебни избирачки места за заразените гласачи, кои без исклучок претходно ќе добијат маски за лице при влегување во избирачкото место.