Најчести грешки поради кои собните растенија умираат во зима

Најчести грешки поради кои собните растенија умираат во зима

пред 3 години

Неповолните временски услови може да влијаат лошо на растенијата, дури и на оние што се чуваат во затворен простор. За да избегнете оштетување или да не овенат, обидете се да ги избегнете шесте најчести грешки што можеби ги правите и без да знаете.

Прекумерно наводнување

Без оглед на годишното време, прекумерното наводнување може да предизвика значителна штета, вклучително и гниење на коренот. Тоа станува особено проблематично во зима. Имено, навикнати сме на редовниот ритам на полевање во текот на пролетта и летото кога растенијата активно растат. Но, во зима ситуацијата е поинаква – растенијата мируваат и не произведуваат нови листови или цветни пупки, па затоа не им треба толку многу вода. Затоа, со прстите проверете ја земјата дали е влажна пред да им ставите вода. Според експертот за цвеќиња Џојс Маст, повеќето растенија може успешно да закрепнат од прекумерното наводнување, но ако коренот почне да гние поради вишокот вода, тогаш тешко ќе се оправат.

Долгорочно сушење на воздухот

Поради намалената влажност и протокот на топол воздух во просторот, постојаниот недостиг на влага ги остава растенијата дехидрирани во постудените месеци. Зголемете го нивото на влажност во затворен простор, така што ќе ставите чинија со чакал полна со вода под садот со растението или групирајте неколку растенија околу садот со вода. Можете да инсталирате и навлажнувач, кој ќе обезбедиа постојан проток на влага во воздухот. Исто така, добро е да ги прскате листовите на растенијата со вода што е можно почесто, но прскањето не може да замени ниту еден од горенаведените начини за зголемување на влажноста во просторијата бидејќи водната пареа многу бргу испарува.

На растенијата се таложи прав

Во текот на зимата вообичаено е да се зголеми количеството прашина, па со тоа се таложи и поголема количина нечистотија на листовите. Овој феномен е резултат на затворен простор и загревање на воздухот. Редовно чистете ги листовите со влажно хартиено марамче или со влажна крпа бидејќи бубачките, како пајаковите грини, лесно може да се скријат во прашината.

Растенијата се поставени во близина на грејни тела или прозорци

Внимавајте да не ги ставате вашите растенија на директна или индиректна линија на топол воздух, кој бргу ќе ги исуши. Слично на тоа, кога се премногу блиску до извор на топлина, како што е радијатор, камин или шпорет, тие може премногу бргу да се исушат. Треба да внимавате и на протокот на ладен воздух, кој може да го шокира растението и да го оштети ткивото на листот.

Континуирана употреба на хранливи ѓубрива

Затворените растенија мируваат во текот на зимата, што значи дека не им треба ѓубрење како во пролет или лето. Затоа, дополнителните хранливи материи нема да се апсорбираат во текот на зимата, туку ќе останат во почвата и ќе ги оштетат корените.

Промена на местото на светлина

Не сите растенија сакаат директна сончева светлина. Иако можеби сте го нашле совршеното место за чување растение во саксии во текот на пролетта и летото, важно е да ги испитате условите на осветлување сега кога дрвјата се без лисови. Ако растението е на премногу светло место во собата, преместете го на некое позасенето.

Share
Scroll to Top