Српскиот претседател Александар Вучиќ се прости од својата поранешна сопруга Ксенија Вучиќ, позната српска новинарка која во изминативе 30 години имаше успешна новинарска кариера.
Таа ненадејно почина на 56 години. Според непотврдени информации, новинарката починала како последица на згрутчување на крвта и покрај напорите на лекарите да ја реанимираат.
„Ти благодарам што нашата Милица е силна и непоколеблива девојка денес, а нашиот Данило е пристоен и храбар дечко. Ти благодарим што ги воспитуваше нашите деца дека најголема вредност е да се биде добар човек. Ти благодарам што беше мој верен пријател и поддршка сите овие години, што верувавше и несебично даваше се од себе. Ти заспа во прегратката на нашиот син, верувам дека така сакаше, прегратката на Милица и Данило беше целиот твој свет. Почивај во мир и ти благодарам засекогаш за се. Твојот Александар“, напиша Вучиќ .
View this post on Instagram
Не само српскиот претседател, веста за смртта на Ксенија ја најде затечена и модната дизајнерка Верица Ракочевиќ, која на својот Инстаграм профил напиша дека претходната вечер била со новинарката и дека двете се договориле за следната средба и дружење.
Претставници на СНС со јавни пораки се простуваат од Ксенија Вучиќ
„Мојата убава, добра, најпосебна пријателка. Поминавме 25 години заедно, се смеевме синоќа и со нетрпение ги очекувавме деновите што доаѓаат. Не верувам, нема да прифатам и да врескам од болка. Рековме се гледаме во понеделник, среќни и насмеани. Ти благодарам за твоето искрено пријателство, патувај со ангелите.Ти беше ангел кој чекореше по земјата. Збогум, мој Ксенџо“, напиша Верица Ракочевиќ.
Да потсетиме, Ксенија Вучиќ работеше како новинар повеќе од 30 години. Кариерата ја започна во ТВ Студио Б, а во последните години води исклучително популарни емисии на каналите на ТВ Пинк.