Кривична пријава против поранешен директор на училиште во кумановско, ја злоупотребил службената положба

пред 3 години

Против С.Ш.(63) од с.Романовце, кумановско е поднесена кривична пријава поради сомнение за сторено кривично дело злоупотреба на службена положба и овластување.

Според полицијата, пријавениот, вработен како директор во основното училиште „Кирил и Методиј“ во с.Романовце, во текот на 2018 година не го прекинал работниот однос на вработената С.Џ.Е., согласно закон, колективен договор и претходно донесено решение од ОЈО Куманово за одземање на диплома, констатирано со записник од страна на Државен просветен инспекторат на Република Северна Македонија и допуштил таа да врши воспитно-образовна дејност во училиштето без потребната диплома.

На ваков начин предизвикана е штета на Буџетот на Република Северна Македонија од 695.621 денари, кои биле исплатени на вработената по основ на плати и придонеси за социјално и здравствено осигурување.

Share
Scroll to Top