Обамејанг на крајот бесплатно во Барса, Дембеле останува на „Ноу Камп“

Обамејанг на крајот бесплатно во Барса, Дембеле останува на „Ноу Камп“

пред 3 години

Во најдраматичното случување во последниот ден од јануарскиот преоден рок, главна улога имаше Барселона и нивните обиди да донесат засилувања и да се ослободат од „вишокот“ играчи.

На крајот а денот, тие го добија Пјер-Емерик Обамејанг на неверојатен бесплатен трансфер од Арсенал, но не успеаја да го продадат Усман Дембеле, кој ќе остане на „Ноу Камп“ до крајот на договорот ова лето.

32-годишниот Обамејанг денеска пристигна во Барселона, но откако сите веруваа во брз договор, се појавија вести дека Барса воопшто не сака да потпише со него и дека тој е на „семеен одмор“ во градот. Меѓутоа, потоа, претседателот на Барселона, Жоан Лапорта потврди дека се преговара за договор.

Арсенал решија да се ослободат бесплатно од својот поранешен капитен, во обид да се ослободат од неговата плата од 250.000 фунти неделно откако тој немаше играно за клубот од 6 декември по конфликтот со менаџерот Микел Артета поради дисциплински прекршоци. На крајот, се дојде до компромис, кој одговараше на двата клуба – „топчиите“ се ослободија од проблематичниот фудбалер, а Барса не мораа да платат ништо за неговите услуги.

Од друга страна, Дембеле, кој неодамна доби порака од првите луѓе на каталонскиот клуб дека мора да си најде нов клуб ако не потпише нов договор, ги одби сите понуди за трансфер, иако се веруваше до вечерта дека Челси може да успее во обидот да го донесе. На крајот, Французинот ќе може на крајот на сезоната да си замине како слободен играч.

Обамејанг бил во Барселона на „семејно патување“, преговорите пропаднаа?

Share
Scroll to Top