СЗО предупредува: Голема количина медицински отпад останува од короната – ракавици, тестови, шприцеви, игли

пред 3 години

Отфрлените хируршки ракавици, користените тестови за ковид, шишињата со вакцини, шприцевите, иглите… создадоа десетици илјади тони отпад.

Светската здравствена организација упати апел по тој повод, но и предупредување, бидејќи се работи за медицински отпад кој во најголем број случаи може да биде заразен бидејќи коронавирусот опстојува на различни површини.

Освен што здравствените работници кои први ракуваат со него може да се заразат со него, во голема опасност се и жителите на областите каде што се фрла отпадот. Посебен проблем се животните кои ги посетуваат депониите, па постои огромна опасност пандемијата да продолжи да се шири.

Во извештајот на СЗО се наведува дека сите земји се повикани итно да го решат овој проблем, а еден од предлозите е да се префрли на употреба на материјали кои можат да се рециклираат или повторно да се користат.

Се проценува дека само од првото ниво на лична заштита, создадени се околу 87.000 тони опасен отпад, проследено со околу 140 милиони тестови, 2.600 тони пластичен отпад од корона и онолку хемиски отпад колку што би пополнила третина од Олимпискиот базен.

Исто така, околу осум милијарди дози вакцини, дадени ширум светот, се претворени во 144.000 тони отпад во форма на шприцови, игли, шишиња…

Во извештајот на СЗО не е прецизирано каде точно завршил најголемиот отпад, односно која депонија со медицински отпад е најкритична, но во некои делови се споменуваат Индија и Мадагаскар.

Share
Scroll to Top