Комисијата за заразни болести од денеска има нов состав, а со неа ќе раководи Александар Петличковски, на местото на Жарко Караџовски кој што останува член на Комисијата.
Министерот за здравство, Беким Сали, на прес-конфенеција ги соопшти имињата на членовите. Дел од неа ќе бидат и Кристина Ставриди Шабан Мехмети, Калина Грифчева Старделова, Невзат Елези, Дугаџин Османи, Иринка Сотирова Бухова, Катерина Ставриќ, Милена Стевановиќ, Звонко Миленковиќ, Фадил Цана, Марија Димзова, Илир Демири, Виктор Исјановски, Лилјана Деспотовска Ристовска, Нико Беќаровски, Арбен Лабаништа, Марија Дуганова, Сузана Маневска, Јованка Костовска, Златко Арсениевски, Драган Ѓорѓиевски, Грета Николовска и Марија Милкова.
Злате Мехмедовиќ е избран за член и портпарол на Комисијата.
Министерот Сали рече дека Комисијата ќе се состанува на редовни состанови секој вторник, а по потреба и почесто.