(Видео) Американец го исфрлија од авион оти носеше танга наместо маска

(Видео) Американец го исфрлија од авион оти носеше танга наместо маска

пред 3 години

Адам Џ. (38) од американската сојузна држава Флорида бил исфрлен од летот на Јунајтед ерлајнс оваа недела бидејќи носел танга наместо маска на лицето, објавија канадските медиуми. Како што изјавил, го сторил тоа бидејќи сакал да протестира против „глупавите“ правилата за корона наметнати од американските авиокомпании.

„Тоа е ужасно апсурдно. Значи морам да носам маска додека не достигнеме одредена висина, потоа можам да повикам стјуардеса да ми донесе храна и пијалок, а законот вели дека тогаш не ми треба маска. Те молам објаснете ми како тоа има смисла“, Адам.

Персоналот на авионот немал многу разбирање за неговиот протест, па неколку пати барале од него да стави соодветна маска на лицето, но тој одбил. Поради тоа бил исфрлен од летот, по што бил проследен со аплауз од неколку патници. Но, имало и такви кои го напуштиле летот во знак на поддршка на Адам.

Инаку, ова не му било првпат на Адам да биде исфрлен од летот поради неговата танга. Неодамна и „Делта ерлајнс“ му го направи истото.

Share
Scroll to Top