Принцот Ендру ќе изгуби 40 милиони евра ако изгуби на суд

Принцот Ендру ќе изгуби 40 милиони евра ако изгуби на суд

пред 3 години

Принцот Ендру доколку го загуби случајот на суд за сексуално злоставување на малолетни девојки, би можел да изгуби околу 40 милиони евра, пишуваат британските медиуми. Тој веќе доега остана без своите кралски должности и официјалните социјални мрежи.

Сега како што пишуваат медиумите, тој може да остане и без добар дел од својот имот. Сепак далеку од тоа дека ќе остане на улица, пишуваат медиумите.

Во моментов тој се соочува со најтешкото обвинение за сексуален однос со Вирџинија Робертс Гуфре. Таа го обвини дека тие имале секс кога имала 17 години. Вирџинија сведочеше дека трипати се сретнале, а средбите им ги договарале сега веќе покојниот педофил милијардер Џефри Епстајн и неговата тогашна девојка мадам Џислаин Максвел.

„Бев присилена да имам секс со него. Тоа беше против мојата волја“, беа дел од тужбите кои ги пренесе британски „Сан“.

Ова е досега најголемото барање за оштета кој некој го побарал од кралското семејство. Британските медиумите пишуваат дека Ендру има намера да ја продаде куќата во Швајцарија, вредна околу 20 милиони евра.

Кралските палати не можат да му ги запленат затоа што не се негови, но становите и тоа како можат. Службениците можат уште утре да му тропнат на врата, пишуваат медиумите.

„Постои метод и постапка за запленување на имот, па и за оној кој го имате во странство. Тоа вклучува и заплена на банкарски сметки, физички имот и слично“, рече за „Сан“ британскиот адвокат Ерик Фудали.

Принцот Ендру ги негираше сите обвиненија на негова сметка и рече дека ќе се бори до крај за да ја докаже својата невиност. Неговиот имот во моментов се проценува на околу 40 милиони евра.

Од Бакингемската палата прима годишна надокнада од околу 300.000 евра и уште толку како пензија од кралската морнарица.

Принцот е познат по својот раскошен живот, има колекција на скапоцени автомобили, од кои само еден му вреди околу 260.000 евра, а најскапиот часовник кој го има вреди 173.000 евра. За потсетување, викендов на виделина излезе уште еден инцидент.

За време на посетата на неговата мајка, кралицата Елизабета, принцот ја нападнал жената која ја уредувала градината. Тој почнал да и вика за неколкуте оштетени стебла. Како што пренесуваат британските медиуми, жената била во шок и видно потресена и вознемирена.

„Станува збор за неколку млади стебла, а за нивното оштетување не е виновна градинарката, па таквото однесување не беше примерно“, рече еден од изворите блиски до кралското семејство.

 

Share
Scroll to Top