БЕСА не поддржува модел со една, туку со три изборни единици

пред 4 години

Политичката партија од албанскиот блок,  БЕСА не поддржува модел со една, туку со три изборни единици. Ова го истакна пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски по средбата со пратениците од БЕСА.

„Со колегите пратеници од БЕСА сме на заеднички став дека треба да има измени во изборниот модел со тоа што разликите се во бројот на изборни единици. ВМРО-ДПМНЕ смета дека би било подобро да биде една изборна единица додека ставот на БЕСА е дека три изборни единици“, изјави Милошоски.

Тој додаде дека главната заложба на сите е предложениот закон да влезе во собраниска процедура и да се одржи јавна дебата, а не да се чува, како што рече, во фиоката на спикерот Талат Џафери.

Милошоски додаде дека предложените закони не треба да се кријат, туку треба да се дискутираат, а мнозинството пратеници ќе си одлучат кој закон сметаат дека е поволен и граѓаните ги претставува на најдобар можен начин во законодавниот дом.

Share
Scroll to Top