ЕУ со нови правила за возачите, камионџиите да бидат платени според правилата на земјата во која возат а не од каде доаѓаат

пред 3 години

Денеска стапија на сила новите правила на Европската Унија кои го регулираат транспортниот пазар.

Голема е промената што возачите на камиони кои ќе превезуваат стока надвор од нивните земји каде што се сместени, ќе мора да бидат платени според минимумот во таа земја.

Во пракса, доколку возачот на фирма регистрирана во Хрватска превезува стока од Германија до Франција, ќе треба да се плаќа според минималната саатница во тие земји, а не да биде покриен со плата во Хрватска, пишуваат регионалните медиуми. Ова, како што анализираат не важи за возење од една земја во друга и назад. Возачите ќе треба да го регистрираат преминот на првиот паркинг при влез во друга земја членка на ЕУ и да стават знак на таа земја, пренесуваат агенциите.

Подоцна овој месец ќе стапат на сила и други правила, вклучително и ограничен период за возачите на камиони да работат надвор од матичната земја. Целта на овие измени е да се запре практиката возачите од Полска, Романија или Бугарија да возат стока на релации меѓу другите земји-членки, а да добиваат значително помали плати во нивните земји.

Овие измени ќе бидат поповолни за самите возачи, но веројатно ќе се одразат и на поскапување на превозот, анализираат експертите.

Share
Scroll to Top