Швајцарија ги укинува сите епидемиолошки мерки

пред 3 години

И покрај големиот број новозаразени, Швајцарија има намера наскоро да ги укине сите епидемиолошки мерки.

Како вовед во укинување на мерките, од денеска е укината и обврската за карантин за лицата кои биле во контакт со заразени. Владата донесе одлука и за укинување на обврската за работа од дома.

Владата има намера да донесе одлука за укинување на сите други мерки на 16 февруари, по консултации со кантоните.

Владата има подготвено два предлога за средбата.

Едниот предвидува укинување на речиси сите мерки од 17 февруари, доколку се намали бројот на заразени и бројот на хоспитализирани.

Втората варијанта предвидува постепено укинување на мерките – прво 2G правила во угостителството, а како последна би се укинувала и обврската за носење маски во јавниот превоз.

Исто така, на 16 февруари треба да се одлучи дали ќе се укине епидемиолошкиот режим на влез во земјава со кој се предвидува обврска за негативен тест за невакцинирани или излечени лица, како и пополнување електронски формулар.

Share
Scroll to Top