Американското министерство за безбедност ѝ понуди „глутница“ роботски кучиња на граничната полиција за да ја надгледува долгата граница со Мексико.
Целта на програмата е да се искористи технологијата и да се зголеми присуството на полицијата долж границата за да се намали изложеноста на луѓето на ситуации опасни по живот.
„Јужната граница може да биде опасно место за луѓето и животните и затоа машините би можеле да помогнат“, вели програмскиот менаџер Бренда Лонг.
Во 2020 година, американската војска соработуваше со Ghost Robotics, компанија која произведува роботски кучиња за патролирање на воените бази, а самата компанија соработуваше со производителот на оружје SWORD International за да развие вооружена верзија на роботски кучиња способни да елиминираат цели оддалечени речиси 1.220 метри.
Два невооружени модели веќе се тестирани за чувар и се способни самостојно да патролираат со програмиран параметар. Тие беа опремени со камери и други сензори, а за време на тестовите ги прегледуваа железничките вагони и станбените згради, вклучувајќи го и сценариото за средба со потенцијални непријатели.
Роботите на четири нозе можат да бидат опремени со различни камери и сензори, вклучувајќи хемиски, биолошки, радиолошки и нуклеарни. Тие можат да се контролираат преку радио, Wi-Fi, GPS и други врски, но затоа се потенцијално ранливи на хакирање.