Ријана промовира машка црвена и секси долна облека за Денот на Вљубените

Ријана промовира машка црвена и секси долна облека за Денот на Вљубените

пред 5 години

Популарната пејачка Ријана реши да создаде машка колекција на црвена секси долна облека за Денот на вљубените, која предизвика бројни реакции во јавноста.

На страницата на нејзиниот бренд „Savage X Fenty“, покрај колекцијата за жени, има фотографии од мажи кои промовираат парчиња од новата колекција наречена „Glossy Flossy“, а покрај боксерките со црвени срца, има и разни парчиња од секси долна облека од тантела прилагодена за мажи.

Целта на овој чекор на брендот е родовата еднаквост, но и политиката на „Боди позитив“ со оглед на тоа што нуди долна облека која е наменета речиси за секој облик на телото, но и во сите големини.

Според веб-страницата, линијата на долна облека „ја слави бестрашноста, самодовербата и инклузивноста“.

„Сакаме да се чувствувате секси и да се забавувате додека го правите тоа. Од понуда која може да се користи секој ден до попровокативни парчиња – Savage X Fenty е долна облека за секого“, велат тие.

Цените на овие парчиња се движат од 20 до 45 долари. Во оваа кампања се вклучени и некои познати личности, како ќерката на познатата пејачка Мадона, Лурд Леон.

nbsp;

Share
Scroll to Top