МВР со Оливер Спасовски дале половина милион евра на мала фирма за камионски транспорт, на тендер за соларни панели за топла вода и инсталација истите на полициски објекти. Се работи за Дон Холдинг, мала фирма од скопски Хром, добро позната на СДСМ со набавките во Ѓорче Петров, каде се прославија со набавка, тендер на 2 машини за перење од 25.500 евра! И за тоа нема истрага од МВР, нема истрага од институциите, истaкна денеска портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.
Уште повеќе, додаде тој, вчера МВР на Спасовски го потврди скандалот, со тоа што соопшти дека истата фирма и во септември лани го добива истиот тендер, ама бил поништен, па сега во јануари бил повторен.
„Значи, во септември малата фирма за товарен транспорт добила тендер од 500.000 евра од МВР за соларни панели, тендерот е поништен, па повторен сега и повторно истата фирма добива половина милион евра“, дополни тој.
„МВР на Спасовски на Дон Холдинг, фирмата за камионски транспорт, во октомври само еден месец по септември кога бил поништен тендерот, и два месеци пред повторениот во јануари на Дон Холдинг му доделува тендер од 480.000 евра. Овој пат фирмата за камионски транспорт, е ангажирана за водоинсталатерски и канализациски работи во МВР. Договорот е направен на 13 октомври. Фирма за камионски транспорт добива тендер пред фирма специјализирана за водоводни и канализациски работи со 15 годишно искуство“, истакна Стоилковски.
Главното прашање како што рече е како фирма за транспорт, товарен камионски транспорт, фирма на едно лице мала фирма за камионски транспорт, добива два тендери од по половина милион евра од МВР за соларни панели и за водоводни и канализациски изведувања?
„Како е можно МВР да даде тендер за соларни панели, со инсталација, со се, на фирма за товарен транспорт, фирма на едно лице, мала фирма според документите од Централниот регистар и од УЈП? Како е можно МВР да даде тендер за водовод и канализација, на фирма- за товарен транспорт, фирма на едно лице? По кои критериуми се воделе во МВР на Оливер Спасовски, па за соларни панели за топла вода, како и за водоинсталатерски работи да изберат фирма за- товарен камионски транспорт, и да и доделат два тендери во рок од три месеци вредни вкупно еден милион евра? Секако не помалку важно прашање е како токму МВР на тендери вредни милион евра неколкукратно да избира фирма којашто беше замешана во тежок коруптивен скандал повторно со повторно со тендери со набавки на 2 машини за перење со вкупна вредност од 25.500 евра, договор тендер од градинка во општина Ѓорче Петров?“, праша портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.
Со два тендера, според Стоилковски, МВР дава 1.000.000 евра од буџет наместо истрага за скандалот со машините за перење!
Ги повика Јавните обвинители да излезат како што рече од сенката на политиката и да отворат предмет за овој случај.