Тамара, ќерката на фолк пејачката Ирена Спасовска, денеска наполни 22 години. Пејачката објави неколку фотографии од роденденската прослава.
„Уште кога бев бремена посакував да е девојче, бидејќи ќерката е дар од Бога. Тамара е многу музикална и настапуваше на некои детски фестивали. Има нижо музичко, но сепак одлучи средното образование да го продолжи на правен смер, а сега е четврта година на Фон, каде студира на Факултетот за мулти медија и графички дизајн. Тоа ја исполнува и јас ја почитувам нејзината желба бидејќи мислам децата не треба да бидат клонови на своите родители, туку да си го најдат својот пат сами и да уживаат во својата работа“, вели Ирена за Репортер.мк
Таа додава дека Тамара е скромна девојка и многу праведна.
„Ние две сме си секогаш подршка една на друга. Како и секоја мајка и јас сум пожртвувана и најбитна ми е среќата на мојата ќерка“, додава фолк пејачката.
(М.П)